3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW прослави 25 години од Ѕerieѕ 8 (фото)

BMW прослави 25 години од Ѕerieѕ 8 (фото)

series 8

Првично претставен на саемот во Франкфурт 1989-та година, „Ѕeriеѕ 8“ е замислен како конкуренција на најдобрите спортски купеа со својот авангарден дизајн, перформанси и иновации. 25-годишнината на популарниот модел е одбележана со ретроспективна изложба.

И додека денес нејзиниот дизајн делува застарено, кога се појави, „Ѕeriеѕ 8“ плени со своите модерни линии, фарови кои се вовлекуваат и недостаток на среден столб.

series 8 1

Моделот се пофали со низа „нови“ функции, како електронско подесување на управувачот, ретровизори кои автоматски за затемнуваат и далечински систем на централната брава.

Кога прв пат се појави, имаше 5.0-литарски V12 мотор со 295KS и 450Nm забрзување до „стотка“ за 6.8 секнуди.

series 8 3

Во 1993-та година компанијата воведе две нови верзии: „840 Ci“ со 4.0-литарски V8 дo 280KS, „850 CЅi“ со 5.6-литарски V12 со 375KS и 550Nm.

Една година подоцна на ред дојде и „850 Ci“ со 5.4-литарски V12 мотор со 320KS и нов петстепен автоматски менувач.

series 8 2

Кога продукцијата заврши во 1999-та година, „BMW“ произведе вкупно 30.621 примероци од оваа серија од кои две третини имаа V12 мотор, но само една шестина беа со мануелен менувач.

Се уште не е познато дали „баварскиот“ производител наскоро ќе се одлучи да ја заживее оваа серија и да претстави модерен наследник на ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП