14 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФФМ продолжува со активностите за промоција на фудбалот меѓу најмладата популација

ФФМ продолжува со активностите за промоција на фудбалот меѓу најмладата популација

ffm

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со активностите кои имаат за цел промоција на фудбалот меѓу најмладата популација.

Во текот на денешниот ден и во петок на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“ ќе се одржи финалниот турнир од ФФМ – Детски лиги за сезоната 2013 / 2014-та.

На настанот поддржан од ШПАРКАСЕ и РУДИНЕ ќе учествуваат 56 екипи поделени во седум возрасни категории.

Освен забавниот, рекреативниот, едукативниот и воспитниот, активностите имаат натпреварувачки карактер.

На денот на отворањето ќе се одиграат елиминациските натпревари.

Наградите и признанијата за најдобрите ќе се доделат в петок кога ќе се одиграат финалните и натпреварите за трето место.

„Во текот на своето растење и созревање на децата им се потребни вистински вредности, а фудбалот е екипен спорт и им помага на најмладите да сфатат дека дисциплината, почитта, колективниот дух и фер-плејот се важни не само во играта, туку и во животот.

Мораме да ги почитуваме и негуваме вредностите на спортскиот дух и неуморно да делуваме на негово зачувување.

Ги покануваме сите фудбалски љубители да ни се придружат во одбележувањето на финалните натпревари од детската лига на ФФМ“, истакна Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП