21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.06.2014

Дневен хороскоп 04.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

На работното место нема да имате разбирање особено за идеите на соработниците, па затоа ќе морате да работите сами и не очекувајте некој да ви помогне. Што се однесува до финансиите не би требало да очекувате некои поголеми добивки.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Односите со околината не се стабилни, можни се недоразбирања со колегите и претпоставените. Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа и добрата организација на работните задачи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Помалку ќе бидете напнати, а ќе имате повеќе комуникации, движење и ведрина. Тоа значи дека вашите односи со околината значително ќе се подобрат, па ќе имате повеќе успех во работите кои се поврзани со комуникации.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Монотоните работи на работното место ве оптеретуваат. Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочни планови не размислувајте, подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работното место вообичаена атмосфера. Лавовите кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и ситуацијата да ја прикажувате во розова боја може да биде многу штетна врз вашата љубов.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Искористете го денешниот ден за склопување на поважни договори. Долготрајните работи ви се добро аспектирани. Затоа најповеќе внимание треба да и посветите на работата. Со недвижнините ќе имате успех особено ако планирате купување или продавање.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вагите од од втората декада ќе имаат шанса на деловен план да направат чекор повеќе. Оние кои се занимаваат со приватна дејност ќе дојдат во ситуација да вложат поголема количина на пари во опрема за работа или некои проекти, но тоа нема да го направат со трпение и преиспитување, па најверојатно ќе погрешат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Напнат ден. Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Дел од планетите ви се наклонети но истовремено трпите и влијание на другите планети кои ви ги отежнуваат вашите постапки. Со околината нема да имате никакви пролеми, а особено ќе се сложувате со вашите претпоставени. Некои долготрјани проблеми ќе се активираат и ќе ве присилуваат на потези кои нема да ви бидат пријатни за вас

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Работата ви стагнира, а на успех можат да се надеваат само Јарците кои се занимаваат со приватна дејност или планираат патување. Амбициите ќе бидат нешто послабо изразени и наместо нови почетоци денот ќе биде поволен само за работите кои ги приведувате кон крај и не бараат вложување на голем напор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Длабоко ќе размислувате. Бројните обврски нема да ви дозволат многу простор да се осамите иако тишината ќе ви биде потребна повеќе од обично. Дилемите кои ве измачуваат од порано сега ќе бидат поинтензивни и ќе се најдете во ситуација брзо да повлечете конкретни потези.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Односите со соработниците и претпоставените нема да бидат задоволителни, бидејќи ќе се соочите со некои меѓусебни недоразбирања. Ќе се обидете набрзина да го остварите она што сте го наумиле без обзир на другите. Но треба да ве предупредиме дека тоа нема да ви успее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП