28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИспорачан првиот Volkswagen XL1

Испорачан првиот Volkswagen XL1

isporaka xl1

„Volkswagen XL1“ e импресивно инженерско достигнување, но овој модел е во сенка на големиот број еколошки алтернативи кои чинат значително помалку од 100.000 eвра.

Тоа навистина е штета кога ќе се земе во предвид бројот на години кои се поминати во развојот на овој модел, а компанијата токму сега го испорача првиот „XL1“ на купувач од Германија.

Од „Volkswagen“ немаа многу што да кажат за самата испорака, но беше потврдено дека овој модел го одликува црно-бела комбинација на ентериерот.

Само за потсетување, „XL1“ има „plug-in“ хибриден погон кој подразбира 48 ks „TDI“ мотор, како и електромотор со 27 ks, но и 5.5 kWh литиум-јонска батерија.

Во комбинација со конструкцијата со мала маса која е изработена од пластика засилена со јаглеродни влакна, потрошувачката на овој модел изнесува 0.9L/100km, додека само во режимот за возење на електричен погон може да помине 50 km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП