8 јуни, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.06.2014

Дневен хороскоп 03.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот ќе ви биде многу динамичен, исполнет со дружење, нови идеи како и обиди барем некои од нив да се реализираат. Сепак треба да ве предупредиме дека поголемите желби и планови не ќе можат да ви се исполнат иако вие многу се надевате. Некои од вас многу погрешно ќе ги проценат шансите и ќе дадат неодмерени изјави.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Одговорните и самокритични Бикови треба да се подготват за напорен ден. Ве очекуваат предизивици, обврски а заслугите ќе бидат занемарени. Ако се земе во обзир вашата наклонетост да се грижите премногу и да ги преувеличувате работите, овој ден може да биде многу стресен за вас.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Поволен ден, а причини за вознемирување се помалку. Ќе имате се повеќе енергија, но повеќе внимание ќе терба да им посветите на односите со соработниците и претпоставените. Внимавајте што зборувате ако не сакате да имате неприлики.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Трпеливите и толерантни Ракови ќе бидат нервозни и скони кон конфротации. На удар ќе се најдат најблиските соработници и пријатели. Па затоа ќе морате да работите со максимално трпение и што поорганизирано. На работното место ќе се бара многу повеќе од обично, па тоа додатно ќе ве оптеретува.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве зафатил бран на позитивна енергија. Работното темпо значително ќе ви се забрза па ќе ви биде потребно многу дисциплина и напор за да можите на обврските адекватно да одговорите. Притисокот и тензијата ќе се зголеми и не ќе бидете во состојба да ги решите некои клучи работи иако на тоа многу ќе се ангажирате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете многу ангажирани. Ве очекуваат некои непредвидени настани, промена на планови и желби и голема динамика ќе ви го исполни денот, но не може да се рече дека тешко ќе се снаоѓате. Покрај тоа до вас се пријателите кои во вистинскиот момент ќе ви помогнат. Во љубовта задоволни ќе бидат само они кои се наоѓаат во сериозни врски.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денот ви носи и поволни и неповолни настани. Ќе имате многу средби и разговори, па постојано ќе бидете во движење. Во целост вашата ситуација е добра, но би требало повеќе да внимавате на финансискиот дел од работата. Избегнувајте поголеми трошоци и не дозволувајте некој да ве наговори да вложувате во нови работи.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доброто расположение и поволните услови ќе ве пратат целиот ден. Многу Шкорпии поволно ќе ја изненадат својата околина со поголема толеранција, но и помек став во однос на некои поважни прашања кои се причина на некои кавги. Финансиите ви се подобруваат но сеуште е рано да правите сметки.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ве очекуваат некои помали неприлики. Ќе бидете немирни и чуствителни, па најповеќе внимание ќе треба да обрнувате на вашето здравје. Ако почуствувате зголемена потреба да промените нешто добро размислете, бидејќи промените нема да ви бидат поволни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во целост ќе се опуштите и ќе заборавите на вашите основни обврски. Со вашето однесување давате впечаток на личност, која е целосно незаинтересирана за се околу себе. Морате да признаете дека сте претерале. Вашите пријатели и соработници наскоро нема да имаат доволно трпение и разбирање за сите постапки и однесувања.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Животот ви се подобрува, а што е уште побитно ќе се чуствувате способни и јаки да се соочите со постојните проблеми. Неодмереноста на некои Водолии ќе им донесе проблеми на работното место или во контактите со пријателите. Работата ќе ви предизвикува стресови и проблеми, а односите со соработниците ќе ви бидат напнати.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некои Риби ќе посакаат во работната околина или во самиот процес на работа да внесат некои новини за што денот е доста погоден. Можеби ќе имате и некој помал успех во работата кој нема многу да ви значи, бидејќи ќе биде резултат на тимска работа.Рибите од третата декада ќе бидат во нешто подобро расположение од другите претставници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП