23 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.06.2014

Дневен хороскоп 02.06.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денот пред вас нема да ви донесе некои особени новини во вашиот живот. Ќе морате главно сами вашето слободно време да го направите што поинтересно. Сега е момент да ги искористите вашите фантазии и креативност. Со голем труд и напор ќе успеете да го сочувате мирот во рамките на вашата љубовна врска.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе функционирате под влијание на радосни вести и пријатни изненадувања. На професионален план некој ваш соработник ќе ви помогне да преминете во акција и да ја повратите загубената сигурност и надеж. Финансиската ситуација не ви е одлична, но драстично ќе се подобри.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денешниве настани нема да се движат во посакуваниот правец, но сепак вие ќе умеете добро да се снаоѓате во различните услови на работен план. Ќе умеете да го наметнете своето мислење и да си создадете свои услови. Вашиот партнер често го менува своето мислење и на тој начин кај вас предизвикува нервоза.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На професионален план само доколку бидете рационални ќе успеете да забележите успех. Во спротивно ќе стоите во место или пак уште полошо ќе тргнете наназад. Сентименталниот живот ви е доста нестабилен ви препорачуваме да бидете повеќе со вашиот партнер и со разговор да ги разрешите проблемите

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Проблемите ќе останат зад вас. Обидете се да ги намалите непотребните трошоци. Ова е лесно да се каже, но сепак тешто да се реализира. Потрудете се да процените што вреди да купите, а што не. Ќе дознаете некоја долго чувана тајна која максимално ќе ве вознемири.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Повеќе внимание посветете му на убавите работи во животот. И ако сте имале застои од сите страни сепак ќе има нешто што ќе ви кажува дека на крај се добро ќе се заврши. Можете да се надевате на позитивен резултат од некој настан.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ова е за вас ден без многу динамика како на деловен така и на емотивен план. Новите деловни договори својата реализација ќе мора да ја причекаат, но тоа нека не ве загрижува, ќе имате време уште еднаш за се добро да размислите. Не навлегувајте во кавгите и дебатите во вашето деловно опкружување.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денеска особено треба да внимавате да не влегувате во расправии кои најчесто самите ќе ги предизвикувате. Ќе имате и добри можности но сепак тие се поврзани со вашата одговорност кон работата и упорност, па дури и одрекување од некои работи. Комуникациите не ви се лоши, со тенденција на подобрување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Посветете му повеќе внимание на семејството, особено на децата или внучињата ако ги имате. Ќе бидете посреќни и поздрави. На работа се ќе се одвива според планираното, нема да постојат некои големи промени, ви претстои успешен период и можност солидно да профитирате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Кога подобро ќе размислите ќе сватите дека се се врти околу парите. Навистина претерувате во тој поглед, иако ќе се најдете во ситuација во која од вас ќе се бараaт повеќе пари. Не си дозволувајте работите да ги вреднувате само на тој начин.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Поволните финансиски резултати од вашата деловна преокупираност ве тераат секогаш одново да ја одложувате одлуката да го намалите ангажманот на работа, а повеќе внимание да си посветите себе си и на вашето семејство. Бидете внимателни со инвестициите, може многу да погрешите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Овој ден со себе носи позитивни влијанија, а особено интересно ќе биде што ќе ви се отворат нови можности на љубовен план. Сакате да имате возбудлив живот, а воопшто не го загледувате лицето во вашата непосредна средина, кое е подготвено да ви го понуди тоа. На деловен план ве очекува реализација на една ваша поранешна идеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП