1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПо Виља, Лампард е новото засилување на Њујорк Сити

По Виља, Лампард е новото засилување на Њујорк Сити

villa lampard

Френк Лампард и Давид Виља потпишаа со Њујорк Сити во Манчестер, пред да заминат на светското првенство.

Репрезентативците на Англија и Шпанија веќе се дел од новиот проект, кој треба да се вклучи во Американската „Мејџор“ лига од сезоната 2015-та.

Лампард и Виља ги минаа прегледите во базата на Манчестер Сити, што не е чудно, затоа што Њујорк Сити е вториот тим на богаташите кои го поседуваат англискиот шампион.

Се вели дека ѕвездата на Челзи, Лампард може и да го одигра есенскиот дел од сезоната во Сити, пред да замине за САД, но самиот Лампард ја негираше ваквата можност.

Виља исто така се раздели како слободен трансфер со Атлетико и заминува за САД. Најверојатно до јануари, за кога е закажан првиот камп на новиот тим, шпанската ѕвезда ќе одмара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП