26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus и Jaguar најдобри во Британија

Lexus и Jaguar најдобри во Британија

lexus jaguar

„Lexus“ и „Jaguar“ се прогласени за најдобри автомобилски брендови во Велика Британија во 2014-та во традиционалната анкета која меѓу сопствениците на автомобили во оваа земја ја спроведуваат „WhatCar“ и „JD Power“.

Двата производители на луксузни автомобили го поделија првото место во истражувањето во кое корисниците искажуваа во која мерка се задоволни со своите автомобили, а интересно е тоа што за „Lexus“ ова е 12-ти пат се наоѓа на првата позиција на годишната анкета.

Сопствениците при вреднувањето на своите возила се раководеа според критериумите, како што се трошоците за одржување и ниво на сервисна услуга, а „Lexus“ и „Jaguar“ го поделија првото место со скор од 80,8 отсто.

На трето место се пласираше „Mercedes“, четврта е „Škoda“, a петтото место го зазема „Volkswagen“. На листата меѓу првите десет се најдоа уште и „Honda“, „Volvo“, „Toyota“, „Kia“ и „Mazda“.

Анкетата опфати 15.000 сопственици на автомобили и 109 различни модели. Просечната оценка која Британците ја доделија на своите возила изнесуваше во просек 77,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП