23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилионски загуби во B&H Airlines

Милионски загуби во B&H Airlines

b&h-airlines-livery

Авиопревозникот „B&H Airlines“ придонесите за пензиско-инвалидско осигурување не ги платил една година и осум месеци, од април 2012 година до декември 2013 година, за што должи речиси 1,2 милиони конвертибилни марки.

Компанијата „B&H Airlines“ во минатата година забележа загуба од 4,4 милиони конвертибилни марки, а според Канцеларијата за ревизија на институциите во БиХ – се поставува прашање за оправданоста на работата на оваа компанија поради постојаната неликвидност, пaсивиниот однос на сопственикот и неефикасното управување.

Приходите изнесувале 17,3 милиони конвeртибилни марки и забележан е пад на бројот на превезените патници, а акумулираната загуба од преходните години изнесува околу 20,7 милиони конвертибилни марки. Обврските изнесуваат 30,5 конвертибилни марки и компанијата е во многу тешка состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП