21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.05.2014

Дневен хороскоп 31.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Скротете ја љубопитноста и држете се подалеку од туѓите животи. Без да почувствувате, можно е да навлезете во чувствителен аспект од животот на блиска личност. Тоа може да биде причина за нарушување на хармоничните односи. Понекогаш молчењето е злато, па верувајте и на интуицијата кога ви кажува дека треба да го сопрете зборувањето.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не сомневајте се во себе, навистина блескате. Партнерот е заслужен за тоа што се чувствувате добро. Доколку сте осамени, потрудете се и во тоа да уживате. Многу од припадниците на овој знак ќе бидат изложени на погледи од јавноста.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите. Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодети. Искористете ги сите поволни моменти.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе ги инспирирате луѓето со вашата самодоверба и увереноста во она што го зборувате. Вечерното излегување ќе донесе во вашиот живот исклучително интересна личност која несебично ќе дели насмевки. Уживајте во нејзино друштво.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

И покрај тоа што себе си се сметате за малерозна личност, денес денот ќе ви покаже дека тоа не е така. Може да добиете некои неочекувани пари или некој ќе ви предложи многу интересен и потенцијално успешен проект. Прифатете ги опциите кои се пред вас, денес не можете да погрешите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

И покрај тоа што мрзеливоста не е својствена за вас, денес таа ќе ве надвладее. Филмскиот маратон, излежувањето и доволниот сон целосно ќе ја обноват вашата енергија. Ќе сфатите дека од спиење спомени нема, па вечерва ќе се разбудите преку активно дружење. Воздржете се од преголемо зближување со непознати личности.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност. Внимавајте на непроверени вложувања, постои можност да загубите одредена сума на пари.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Луѓето ги ставате на прво место, но морате да се насочите кон работата. Им давате предност на работите што носат видливи резултати. Опкружени сте со клевети и манипулации, но однапред се дистанцирате од негативности.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес имате можност да се запознаете со некоја личност која сте сакале одамна да ја запознаете. Не е важно дали за таа личност сте заинтересирани на љубовна, деловна или пријателска основа. Во секој случај, ќе уживате во секој момент од вашето дружење. Не се колебајте бидејќи оваа средба ќе биде многу позитивна за вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денес во вашиот мозок е само страста. За жал, имате многу обврски кои мора да ги завршите за да и се препуштите на саканата личност. Иако вие сакате да ги оставите сите обврски за некој друг ден, денешната енергија ќе ви овозможи се да завршите на време и без мака. Не ја пропуштајте оваа прилика, многу ќе ви се исплати.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нагласена е интуицијата. Таа ви помага побрзо и полесно да комуницирате со луѓето. Дајте им го она што сакаат да го слушнат. Уживајте во ситните работи што ве прават среќни. Разумноста и приземноста ќе помогнат да се вратите на вистинскиот колосек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП