19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla го губи добриот кредитен рејтинг

Tesla го губи добриот кредитен рејтинг

tm2

Aгенцијата „Standard & Poor’s“ (S&P) и додели на „Tesla Motors“ кредитен рејтинг од „B-“, наведувајќи дека вложувањето во оваа компанија претставува ризична инвестиција.

„S&P“ објави дека инвестирањето во „Teslа“ е ризично со оглед на тоа дека компанијата има мал спектар на производи и тоа дека обемот на производство на возила во „Tesla Motors“ е значително помало во однос на конкурентските производители на автомобили.

И покрај тоа што е евидентен моменталниот раст во побарувачката на автомобилите на „Teslа“, експертите тврдат дека не постои гаранција, за тоа дека така ќе продолжи и во подолг временски период.

„S&P“ додава дека инвеститорите кои ќе вложат пари во „Tesla Motors“ во случај оваа компанија да не биде во состојба да ги извршува обврските кон доверителите, ќе можат да вратат само 30 до 50 проценти од вложените пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП