Кон крајот на март шпиунски фотографии ни открија дека „Ducati“ подготвува послаба верзија на својот „Monster“. Два месеци подоцна е претставен „naked“ модел со агрегат од 821 ccm превземен од „Hypermotard“, кој е наречен „Monster 821“ и чија премиера се очекува во Милано.
Откако „Ducati“ ја презентираше третата генерација на „Monster“ со агрегат од 1.200 ccm, на ред дојде и нешто послаба варијанта – „Monster 821“ за чие движење се грижи „Testastretta 11° V-twin“ мотор со зафатнина од 821 ccm. Овој погонски систем обезбедува 112KS и 89 Nm вртежен момент.
Oд „големиот брат“, „Monster 821“ превзема добар дел од технологијата, како „traction control“ со осум различни режими, „Ride-by-wire“ гасот и последната генерација на „ABS“, a тука е седиштето кое се подесува. Разлика е видлива и кај масата на овој мотоцикл, затоа што со своите 179.5 kg зa 2.5 kg е полесен од помоќниот модел.
Новиот „Monster 821“ би требало да започне да се продава во јули месец.