6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВизија за идниот наследник на Porsche 928

Визија за идниот наследник на Porsche 928

novo porshe

Најголемите фанови на „Porsche“ ги израдува „918 Spyder“, но сметаат дека покрај „911“ и „Cayman/Boxster“ постои доволно простор во гамата за уште некој спортски модел. Еден од таквите автомобили би можел да биде „GT“ модел кој би претставувал духовен наследник на „Porsche 928“.

Џош Бирнес е еден од оние кои сметаат дека наследството на „Porsche“ како производител на спортски модели не е доволно искористено. Па поради тоа одлучил да ја претстави сопствената визија на новиот модел со цел да го привлече вниманието на раководството на германскиот производител.

Неговата илустрација настана така што во предвид ги земал карактеристиките на „Porsche 928“, моделот кој се произведуваше 18 години, од 1977-та до 1995-та, но до денеска не доби свој наследник. Инспирацијата за дизајнот е добиена од „Porsche 918 Spyder“.

Според замислата на Џош Бирнес, автомобилот има нешто подолга хауба, фарови и маска на ладилникот кои ги имаат стилските карактеристики на најновите автомобили на „Porsche“. Динамиката и моќта се нагласени со крилата.

Профилот на кабината настана под директно влијание на дизајнот на „928“ со закосени „В“ столбови. Посебен печат на автомобилот дава долниот дел на вратите.

Благодарејќи на долгиот преден дел, „Porsche GT“ моделот би можел да биде опремен и со поголеми мотори, а фаворит на Бирнес е „V8“ агрегатот од „Panamerа“. Тој смета дека еден ваков автомобил во иднина би можел да се спротивстави на моделите како што се „Ferrari California“, „Aston Martin DB9“ или „Jaguar XKR-S“.

За моделот „Porsche GT“ и претходно се говореше, но компанијата досега не реализираше таков автомобил. Можеби и оние кои во „Porsche“ одлучуваат за развојот на нови модели би можеле во предвид да ја земат идеата на Џош Бирнес. Како на Вас ви да допаѓа неговиот „Porcshe GT“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП