3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРасте побарувачката за Opel Insigniа во Европа

Расте побарувачката за Opel Insigniа во Европа

opel insignia nov

Oд премиерата на саемот за автомобили во Франкфурт 2013-та и појавувањето на пазарот во текот на есента, „Opel“ доби 100.000 нарачки за редизајнираната „Insigniа“, соопштија од компанијата.

Во првите четири месеци од 2014-та, „Insignia“ беше автомобил број еден во својот сегмент во Велика Британија, Шпанија и Холандија. На многу други европски пазари, вклучувајќи ги и Белгија, Италија, Австрија, Швајцарија и Норвешка, моделот на „Opel“ од средна класа го потврди своето присуство заземајќи го местото број два според изборот на купувачите.

На домашниот, германски пазар, „Insignia“ исто така го зазема второто место во својот сегмент со раст од 46 проценти во споредба со истиот период од 2013-та.

Во однос на изборот на модели пред редизајн, семејството на актуелната „Insigniа“ е проширена за уште една верзија, „Country Tourer“. Овој „крос“ модел е предвиден за возење на сите терени, а ја дополнува улогата која ја има „Insignia Sports Tourer“ како семеен и бизнис караван.

„Opel Insignia Country Tourer“ моментално претставува избор на околу пет проценти од сите купувачи кои се одлучуваат за „Insigniа“, велат во „Opel“.

Откако е претставен во 2008-та година, моделот „Opel Insignia“ е продаден во повеќе од 600.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП