21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.05.2014

Дневен хороскоп 29.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете одлично расположени и полни со енергија. Неопходно е да ја потрошите, но правилно. Не дозволувајте овој ден да го поминете во домашна атмосфера. Ви препорачуваме повеќе движење, средби со пријатели и забава. Денот е поволен и за работи поврзани со вложување интелектуален напор.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Сите активности ќе се базираат на чесност и искреност. Доколку забележите дека околината не се однесува исто кон вас, многу ќе ви биде тешко, но тоа нема да го покажувате ниту да реагирате. Едноставно ќе се повлечите. Дефанзивниот став ќе стане ваше правило.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Близнаците родени во првата декада, додека пак Близнаците од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува оклу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Односите со претпоставените и соработниците на работното место се доста нестабилни и несредени. Ќе бидете загрижени и вознемирени. Избегнувајте ги сите рискантини работи и внимавајте на неточните информации. Финансиската ситуација е релативно добра.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Многу ви е важно да го привлечете вниманието на околината и вашите идеи да ги претставите на оргинален начин. Ќе ви биде потребна дипломатска нота и добра работна стратегија во настапите пред соработниците. Употребете ја проверената формула. Ќе ве израдува вашиот нов емотивен сигнал и некоја порака.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво поради тоа прекрасно ќе се чуствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат за некое усовршување. Моменатално сте многу превртливи и често се менувате.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку немате доверба во одредени соработници , направете го тоа што е неизбежно за да можете да ги зачувате вашите работни интереси. Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во емотивен расчекор.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП