29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAtos го купува Bull зa 620 милиони евра

Atos го купува Bull зa 620 милиони евра

atos bull

„Atos“, меѓународна „IT“ сервисна компанија, и „Bull“, француска „IT“ компанија, ја претставија јавната понуда на „Atos“ за превземање на сите акции на „Bull“.

За купување на акциите на „Bull“, „Atos“ понуди цена од 4,90 евра по акција во готовина, што е за 22 проценти повеќе во однос на цената на акциите на „Bull“ од 23-ти мај, кога последен пат се тргуваше со акциите на оваа компанија. Вредноста на вкупната понуда на „Atos“ за превземање на акциите на „Bull“ е проценета на околу 620 милиони евра.

Одборот на директори на „Bull“ едногласно ја поддржува оваа трансакција и во склад со прописите на францускиот финансиски пазарен регулатор (AMF), именуваше независен експер кој ќе им даде официјално стручно мислење за условите на понудата.

Неколку дена пред тоа, одборот на директори на „Atos“ изрази целосна и полна поддршка за извршување на трансакцијата.

„Го поздравувам спојувањето кое е голем чекор за нашето европско лидерство во областа на „облак“ работењето, управувањето со големи бази на податоци и одбрана од сајбер криминалот. Благодарејќи на нашите можности за интеграција и оперативна ефикасност, оваа трансакција значително ќе им користи на корисниците и на „Bull“ и на „Atos“, вработените и бизнис партнерите“, вели Тиери Бертон извршен директор и претседател на „Atos“.

Како дел од стратегијата на „Atos“ – „Амбиција 2016-та“ со спојувањетона „Atos“ и „Bull“ ќе биде направена водечка европска компанија во областа на „облак“ работењето и водечки провајдер за решенија за одбрана од сајбер криминал. Овој бизнис потег ќе ги постави темелите за глобален лидер во областа за интеграција на „IT“ системите со процена на приходи кои ќе надминуваат две милијарди евра, остварувајќи силен печат во јавниот и банкарскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП