21 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.05.2014

Дневен хороскоп 28.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Полни сте со енергија и доколку не успеете да ја трансформирате или употребите ќе бидете во голема неволја. Ќе се обидете на насилен начин да го добиете она што го сакате и доколку наидете на препреки ќе размислувате во погрешна насока.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас е одличен ден во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Брзината со која комуницирате нема да биде на посакуваното ниво, а тоа ќе предизвикува извесни застои во извршувањето на работните обврски. Врз вашата положба на работното место влијаат и некои фактори за кои вие не сте свесни. Кога е во прашање љубовта, тука сте со среќна рака.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе размислувате за промена на вашата работа. Ќе сватите дека вака повеќе не ќе можете, но не знаете што друго да правите. Мислите дека уште имате време и дека не е поволен моментот, и со тоа кој знае по кој пат го повторувате правилото дека не сте доволно способни да се носите со егзистенцијалните проблеми.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова е доста интензивен ден кој ќе биде богат со многу настани. Ќе бидете чуствителни, а расположението ќе ви биде променливо. Многу ќе контактирате и ќе разговарате, но резултатите нема да бидат поволни. Многу зависи од вашите лични аспекти, но и вие самите себе ќе се изненадувате.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денеска не сакате да се дружите и ќе се затворите во сопствениот свет. Вашите идеи ќе ве затворат во светот на фантазиите за кои во моментот мислите дека се најдоброто скривалиште. Водете сметка за исхраната.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Потполно сте свртени кон афирмација на вашата личност во општествените активности. Зголемениот број на контакти ќе ви овозможи започнување на нови проекти со нови партнери. Финасиската состојба исто така поволна, но ве очекуваат поголеми трошоци од обично.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ве очекуваат некои пречки и проблеми кои многу ќе ве оптеретуваат. Бидете многу внимателни во постапувањата со имотот и засега избегнувајте важни одлуки, особено ако се поврзани со финансии. Односите со околината ќе ви бидат многу добри, но не особено блиски.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Сигурно ќе ги победите сите оние кои од различни причини сакаат да ви наштетат и од таа битка да излезете со крената глава. Сето тоа ќе заврши за многу кратко. Сте наидувале на погрешни личности кои емотивно ве искористувале.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Излезете на кафе со пријателите, тоа дополнително ќе ве усреќи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во риболовот, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП