3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus NX наскоро ќе се појави на европскиот пазар (фото+видео)

Lexus NX наскоро ќе се појави на европскиот пазар (фото+видео)

nx

По светската премиера која е одржана во април на саемот за автомобили во Пекинг, „Lexus NX“ е претставен и во Европа. Јапонскиот производител објави амбициозни планови кога станува збор за продажбата на овој „SUV“, а смета дека како и кај „Land Rover Evoque“, главен адут на моделот „NX“ ќе биде неговиот впечатлив дизајн.

Европа досега не беше во фокусот на „Lexus“ кога е во прашање продажбата на автомобили на оваа марка. Појавувањето на моделот „NX“ би можело да доведе до промена во стратегијата на оваа компанија.

nx1

„Lexus“ очекува дека нивниот нов „SUV“ ќе ја подигне продажбата на европскиот пазар за една третина, односно дека до 2015-та на купувачите на „стариот континет“ ќе им бидат испорачани 20.000 примероци од „Lexus NX“. Ако овие планови се остварат, вкупната продажба на „Lexus“ во Европа во 2015-та година ќе изнесува меѓу 60.000 и 65.000 возила.

Се поставува прашањето на што „Lexus“ го заснова својот оптимиза и зошто смета дека купувачите ќе сакаат да го купат токму нивниот модел? Во „Lexus“ очекуваат дека дури 80 проценти од луѓето кои се одлучиле за купување на моделот „NX“ ќе бидат купувачи кои пред тоа никогаш не поседувале автомобил на оваа марка.

nx2

Во оваа компанија велат дека идните сопственици сакаат нивниот автомобил да изгледа поразлично од конкуренцијата. Како споредба се наведува „Land Rover Evoque“, кој благодарејќи на оргиналниот и храбар дизајн донесе свежина во „SUV“ сегментот и постигна продажен успех.

„Првите анкети во кои ги тестиравме потенцијалните купувачи на кои им понудивме да одберат меѓу „Audi Q5“ и „Lexus NX“, покажа дека тие пред се ќе го одберат нашиот модел“, вели потпретседателот на „Lexus“ зa Европа, Ален Ујтенховен. Слично се случило и кога го споредувале „Lexus NX“ со „Evoque“.

nx3

„Мислам дека нашата предност е тоа што „NX“ едноставно им остава прв впечаток на луѓето, отколку другите конкурентски модели“, истакнува Ујтенховен.

На европскиот пазар најпрво ќе се најде хибридниот „NX 300h“. Oвој модел ќе добива моќ од 2.5-литарскиот бензинец со 195 ks. Покрај него за погон ќе се користат еден или два електромотори, во зависност од изборот на верзијата со погон на две или сите четири тркала.

Во потечтокот на 2015-та ќе биде достапен и „NX 200t“ опремен со четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец со 235 ks. Oвој модел ќе биде понуден исклучиво со „F Sport“ пакетот.

„Lexus NX“ во европските продажни салони ќе пристигне во текот на есента, а почетната цена ќе се движи околу 36.000 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП