13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW X4 подготвен да ги освојува пазарите (фото+видео)

BMW X4 подготвен да ги освојува пазарите (фото+видео)

x 4

Додека сите погледи беа вперени кон премиерите на женевскиот авто-саем, „BMW X4“ имаше скромна интернет презентација на почетокот на март. Три месеци подоцна новиот кросовер е подготвен да започне со освојување на пазарите, што беше повод „BMW“ да објави нови фотографии од овој модел.

„BMW X4“ најчесто се опишува како помала верзија на моделот „Х6“ со оглед на сличната силуета и сегментот во кој припаѓа: станува збор за купе-кросовер поставен на платформата на „BMW X3“ од кој е подолг за 14 mm и понизок за 36 mm.

x 4 1

Може да се каже дека „Х4“ претставува поскапа и поспортска верзија на „BMW X3“. Германскиот производител истакнува дека позицијата на возачот и сувозачот е за 20 mm пониска во споредба со моделот „Х3“.

Внтарешноста е дизајнирана исто така по пример на „Х3“ со употреба на бројни украсни елементи од алуминиум. Сепак, поради линијата на покривот која е во стил на купе, „X4“ има помал простор во кабината во однос на „BMW Х3“.

x 4 2

Купувачите ќе можат да бираат меѓу шест погонски единици – три бензински и три дизел. Во понудата се два 2.0-литарски „TwinPower Turbo“ четирицилиндарски бензински мотори со 184 ks (135 kW) и 270 Nm и со 245 ks (180 kW) и 350 Nm.

Покрај нив, на располагање е и 3.0-литарски „TwinPower Turbo“ шестцилиндарски со 306 ks (225 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

x 4 3

Кога станува збор за дизелите, најслаб е 2.0-литарскиот четирицилиндарски „TwinPower Turbo“ мотор кој развива 190 ks (140 kW) и 400 Nm. Во врвот на дизел понудата припаѓаат шестцилиндарските 3.0-литарски „twin-turbo“ единици од 258 ks (190 kW) и 560 Nm и 313 ks (230 kW) и 630 Nm.

„BMW X4“ пристигнува во продажните салони во текот на летото, а почетната цена во Германија изнесува 45.600 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП