3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо во Филипе Луис гледа одлична замена за Ешли Кол

Мурињо во Филипе Луис гледа одлична замена за Ешли Кол

filipe luis1

Премиерлигашот Челзи пројавува интерес за дефанзивецот на шпанскиот шампион Атлетико Мадрид, Филипе Луис, соопштува „Daily Star“.

„Сините“ од Лондон бараат заменик на англискиот репрезентативец Ешли Кол, кој го напушта тимот во текот на летото, а во Фелипе Луис гледаат идеален заменик.

Раководството на англискиот гигант е подготвено да плати 20 милиони евра за Бразилецот, кој има договор со „јорганџиите“ за уште три сезони или до летото 2017-та година.

Инаку, Филипе Луис беше една од најдобрите карики на Атлетико Мадрид во изминатава сезона во која тие дојдоа до титулата во Шпанија, како и до финалето во Лигата на шампионите во кое загубија од Реал Мадрид.

Бразилецот кај „црвено-белите“ пристигна од Депортиво Ла Коруња во 2010-та година, а во оваа сезона во сите натпреварувања настапи на 48 средби и притоа постигна два гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП