2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрендот Volkswagen ги превезува холивудските херои

Брендот Volkswagen ги превезува холивудските херои

ap

Кастингот покажа кој е кој во Холивуд меѓу акционите херои: Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Долф Лунгвин, Весли Снајпс, Мел Гибсон и Харисон Форд. Сите овие ѕвезди играат во филмот “The Expendables 3”, кој ќе ја има својата премиера на 15 август во кино салите во САД. Сите актери пристигнаа во Кан, со цел да го промовираат филмот на Канскиот Филмскиот Фестивал. Филмските ѕвезди на располагање 24/7 имаа 20 црни Volkswagen Multivan возила со Highline ниво на опрема, но не само Multivan возилата, холивудските силни мажи го имаа на располагање и прекрасниот Volkswagen Амарок, најновиот пикап на брендот Volkswagen Комерцијални возила.

ca
Германскиот актер Ралф Мулер дојде во Франција, како амбасадор на групацијата Volkswage и изјави: “Amarok  е навистина жешка машина – морам да му го покажам на Арнолд,  така Мулер го откри својот план и веднаш се даде во акција, како што се очекува од еден вистински „гладијатор “.

cb
На фото сесијата, Amarok Canyon беше во центарот на вниманието, вистинска филмска ѕвезда,  како службен автомобил на Харисон Форд, кој глуми агент на ЦИА. Директорот Патрик Хјуз го откри актерскиот талент на теренецот од Хановер кој дотогаш не беше познат.
“Имаме набиена агенда: фото сесија, конференција за печат и забава”, изјави Џонатан Јангер креативен директор на американската компанија за филмска продукција на „Millennium Films“.

cc
“Во ваква состојба, најважното е агендата да биде добро испланирана
за се да се заврши совршено. Официјалните автомобили и нивната сигурност
во овој случај се од витално значење. Ние сме многу задоволни што
Volkswagen Комерцијални возила е навистина најдобар партнер за оваа задача.”

cd
“Силни мажи и силни автомобили: одат заедно а тоа е причината зошто
сме среќни што дадовме поддршка на овој холивудски настан”, изјави Расмус
Моса, маркетинг директор на Volkswagen Комерцијални возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП