Овен (21.03 – 20.04)
Денеска ќе реализирате доста успешни разговори со некои ваши деловни партнери. За секој случај доверете им се само на вашите блиски и оставете уште некое време сето ова да остане тајна. Внимавајте на здравјето, несоодветно се храните.
Бик (21.04 – 21.05)
Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да и докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи.
Рак (22.06 – 22.07)
Ќе бидете комуникативни, расположени и креативни. Доколку сте возач, можни се проблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата нема да ви биде најдобра. Некој ваш колега на многу успешен начин ќе може да ве извади од такт, па бидете внимателни.
Лав (23.07 – 22.08)
Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи може да нагазите на мина. Не брзајте никаде, туку застанете и погледнете околу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство.
Девица (23.08 – 22.09)
Практичната црта на карактерот ќе ви биде во прв план. Ќе се занимавате само со работи од кои имате некаква корист. Иако околината мисли дека не сте себични, вие понекогаш знаете да бидете такви. Обидете да се ослободите од оваа особина. Со Близнаците се можни судири на мислења.
Вага (23.09 – 22.10)
Не постои опасност денес некој да ви го загрози овој мирен ден. Искористете го денот за средување на некои работи. Вашите деловни планови кои ви се разработени до најситните детали ќе се покажат поскапи отколку што планиравте. Во емотивната врска ве очекува мало разочарување.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Во прв план ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Одлично ќе се чуствувате бидејќи топлината многу ви годи. Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста.
Јарец (22.12 – 20.01)
Хармоничните односи со партнерот ќе бидат причина за одбегнување на сите обврски, дури и оние кои не можат да се одложат. Преиспитајте ги постапките, лесно можете да заработите негативни поени од претпоставените.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе морате мирно и сталожено да ги анализирате сите задачи кои себе си сте си ги поставиле. Бидејќи ќе сакате да слушате музика и да водите празни разговори може да се случи од сите понудени прилики да ја изберете онаа најлошата – одложување на обврските.
Риби (20.02 – 20.03)
Ситуацијата на работа ви цвета и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис, но немојте да заборавите дека и другата страна треба да покаже извесна доза на толеранција.