7 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.05.2014

Дневен хороскоп 26.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денеска многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема да се жалите дека на работното место ви е здодевно. Ова е ден на вистински предизвици. Постои можност од промена на работата или унапредување. Послушајте ги советите на ваш пријател во кој имате голема доверба. Емотивниот живот ви носи изненадувања.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е, нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работа ве очекува прилично комплицирана ситуација, затоа што не сте способни да се концентрирате, работите пристигнуваат или отпаѓаат, а вие не сте во состојба да се снајдете во таа гужва. Во љубовта постои можност да бидете фатени во лага.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до емотивниот живот во фокусот ќе бидат вашиот љубовник, партнер или близок соработник.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе им дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни со кого соработувате, некој во вашиот круг на соработници сака да направи проблем. Посветете му поголемо внимание на семејството.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Иако работното темпо ќе ве исцрпува сепак ве води кон успеси. Ако сте во врска покажете воља да ги зачувате колку – толку солидните односи. Работната оптеретеност многу делува врз љубовниот живот, па обидете се да ја намалите напнатоста.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате. Ви претстои голем приход.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Многу ви се допаѓа тимската работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже-можете да станете нечија жртва.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве прати во секој поглед, па тогаш што чекате искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот. Партнерот ќе се обиде да ве разбере, но некако тешко ќе му оди тоа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Од моменталната ситуација многу ќе очекувате. Имате потреба да спроведете коренита промена во вашиот начин на живот. Дали ќе се обидете со промена на работата или можеби со посериозни планови околу брак, сето тоа е индивидуално.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Нема да имате проблеми со изразувањето на своето мислење меѓутоа тоа што секој пола час ќе имате друго мислење за иста работа, тоа веќе е друг проблем. Во потрага за различни настани досадата ќе ви биде најголем противник, а против неа ќе се борите забавувајќи се самите себе со најразлични ситници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП