22 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.05.2014

Дневен хороскоп 24.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете изложени на будните очи на животната средина, каде околностите ќе ви наметнат прилагодување со најблиските и деловните партнери. Иако ќе ви се чини дека не се одвива она што сте го замислиле, набрзо ќе сфатите дека и таквата ситуација има свои предности.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Смислата за комуникација и човечките односи ќе ви овозможат да го проширите бизнис влијанието. Ќе остварите контакти кои ќе имаат позитивно влијание врз вашата професионална иднина. Сепак, мора да бидете трпеливи и да чекате додека да се создадат поволни услови за реализација.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Дали во интимните или во односите со бизнис партнерите, околностите ќе ве охрабрат за зголемен ангажман, при што ќе ги решите проблемите на нов начин. Иако нема се да се одвива непречено и без тешкотии, знаејќи дека имате напредок, ќе биде доволно за да истраете.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нетрпеливоста ќе ве охрабри да преземете акција, при што ќе бидете доста непромислени, а грешките во чекори може да ви ја намалат вредноста на постигнатите резултати. Доаѓањето навечер ќе ја потенцира важноста на меѓучовечките односи и ќе ве поттикне да ги видите направените грешки.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе бидете преокупирани со средување на финансиите. Некои од вас ќе се грижат за старите родители или членови на семејството. Ви се нудат можности за учење и професионален развој. На работа ќе преземете должности и одговорности за кои сеуште не се чувствувате подготвени.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денот ќе го одбележат љубовни незгоди, при што од вас ќе се бара зголемена толеранција и подготвеност за компромис. Лекциите што ќе ги научите ќе ви помогнат подобро да ги разбирате другите и нивните мислења. Полесно ќе ги прифаќате емоционалните обврски и одговорности.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Љубовниот живот ќе се најде во сенката на професионалните обврски. Нема да се заљубите, ниту ќе барате нова љубовна прилика. На површината ќе се појават долго потиснати проблеми, така што поголем дел од денот ќе ви помине во размислување и усогласување на ставовите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Денот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе се заљубите лесно, чувствата ќе ви бидат силни, но не постојани, па затоа бидете внимателни да не скршите нечие срце со ветувања кои не можете да ги исполните. Исто така е можно да сакате нешто што не го знаете доволно, и ќе изградите верувања кои не се вистински.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку се стремите кон бизнис напредок, ќе морате да бидете послушни и без прашања да ги усвојувате одлуките за во иднина. Иако вам тоа нема да ви се допадне, на крајот ќе сфатите дека тоа е полесно отколку што мислевте дека ќе биде. Во вечерните часови, можете да добиете некоја чудна порака од некое лице кое едноставно решило да ви каже што се мисли за вас.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во интимните односи ќе дојде до израз вашата непопустливост и тврдоглавост. Ќе пружите отпор на барањата од партнерот. Ќе видите дека многу давате а добивате малку, па ќе барате партнерот овој пат да се прилагоди на вас и на вашите потреби. Внимавајте на трошоците!

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Би можело да се случи да потклекнете пред нечие додворување, и да сфатите колку е убаво да бидете освоен, но и да победите. Денот ќе ви помине во копнежно расположение, особено во случај доколку “страдате” од невозвратени чувства. Во вечерните часови ќе влезете во дискусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП