4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна година за Lenovo

Рекордна година за Lenovo

A man walks past a Lenovo shop in a comp

Групацијата „Lenovo“ ги објави резултатите од четвртиот фискален квартал и целата фискална година која заврши на 31-ви март 2014-та година.

Годишниот приход достигна рекордна сума – 38,7 милијарди долари, што е зголемување од 14 проценти во однос на претходната година, а рекордни се и приходите пред оданочување, 1.01 милијарди долари, што е зголемување од 27 проценти.

„Lenovo“ ја зацврсти водечката позиција на пазарот на компјутери, додавајќи 2,1 проценти на својот пазарен удел, па така постави 17,7 отсто за цела година, а тоа претставува раст од пет проценти годишно.

Компанијата „Lenovo“ продала 64 милиони уреди во т.н. „Tablet PC + категорија“, што е зголемување од скоро 18 проценти во однос на претходната година, надминувајќи го движењето на овој пазар за повеќе од 13 процентни поени.

„Рекордната продажба и остварениот профит покажуваат дека „Lenovo“ може да расте и да ги остварува целите без оглед на пазарните услови“, вели Јанг Јуанкинг, претседател и извршен директор на „Lenovo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП