12 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови намалувања на вработени во HP

Нови намалувања на вработени во HP

hp mp

Американската компјутерска компанија „Hewlett- Packard“ – „HP“ продолжува да намалува работните места. Со скратувањето на меѓу 11 илјади и 16 илјади нови работни места, компанијата го продолжува долгиот процес на преструктуирање, а причината за тоа е да се приспособи кон кризата во производството на персонални компјутери.

Дополнителнитe намалувања можат да доведат до бројка од 50.000 отпуштени вработени за време на процесот, кој е почнат пред две години.

Главниот извршен директор Мег Витман вели во разговор со аналитичарите, дека тоа ќе се одрази врз речиси сите поделби и сите географски региони.

„Hewlett- Packard“ страда од падот на побарувачката на персоналните компјутери, каде што до неодамна беше глобален лидер, а сега е претекнат од кинеската компанија „Lenovo“.

Но, најсилниот пазар на персонални компјутери беше погоден од експанзијата на таблетите и телефоните, кои го „проголтаа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП