13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMилан купува двајца играчи на Валенсија

Mилан купува двајца играчи на Валенсија

rami sisoko

Во наредните денови се очекува Милан да го објави привлекувањето на двајца фудбалери од Валенсија. Тоа се Адил Рами и Али Сисоко.

Првиот играше минатата сезона во редовите на „росонерите“ како позајмен играч, додека вториот одамна е во видното поле на италијанскиот тим, а во сезонава што измина и тој беше позајмен да игра во Ливерпул. Англичаните сепак одлучија да не го задржат во составот за постојано, а тоа им овозможи на Италијанците да испратат понуда за него.

Останувањето на Рами во Милан долго време беше доведено под знак прашалник, а тој дури беше и на чекор до враќање во Валенсија. Шефовите на двата клуба сепак успеале да постигнат договор едни со други и се чини дека Французинот останува на „ Сан Сиро“.

Сисоко, пак, беше на чекор од трансфер во Милан уште во 2009-та година, но тогаш не успеа да ги мине медицинските прегледи. Оттогаш тој уште неколку пати беше поврзуван со премин кај „росонерите“, но не се дојде до нова понуда. Сега сепак спортско-техничкиот штаб повторно го свртел вниманието кон левиот бек, кој се очекува конечно да пристигне на „Сан Сиро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП