6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го прикажа моделот E class Estate (фото+видео)

Mercedes го прикажа моделот E class Estate (фото+видео)

estate

„Mercedes“ ги објави техничките детали и фотографии на моделот „C сlasѕ Estate“ на кои овој автомобил е прикажан во полн сјај.

„C сlasѕ“ е најпродаваниот модел во гамата на овој производител, а по седанот, кој имаше премиера кон крајот на 2013-та, караванот е вториот автомобил по значење од ова семејство.

estate1

Покрај тоа што има нов, модерен дизајн, кој е изведен од лимузинската верзија, новата генерација на „C сlasѕ Estate“ за 4.702 mm подолга од претходната за 96 mm, додека меѓуосовинското растојание е зголемено за 80 mm и изнесува 2.840 mm.

Новиот караван има пространа кабина, така да возењето во него ќе биде поудобно и покомфорно него досега. Тоа особено се однесува на патниците на задниот дел на седиштата кои добија дополнителни 45 mm простор за нозете.

estate2

Aвтомобилот е широк 1.810 mm, што е за 40 mm повеќе од претходникот, со што се добива повеќе простор помеѓу патниците во висина на лактовите и рамената.

Зафатнината на багажникот е зголемена за 5 литри, така сега на располагање се 490 литри кога седиштата се подигнати, односно максимални 1.510 литрии, кога тие се преклопени.

estate3

Задната клупа е делива во конфигурација 40:20:40, a наслоните се навалуваат со помош на електрична команда.

„Mercedes“ на идните сопственици им овозможи уште една корист. Со доплата може да ја добијат опцијата „Easy Pack“, функција за практично и елегантно отворање на багажникот, доколку рацете ви се зафатени, доволно е со стапалото да се помине под задниот браник и вратата автоматски ќе се отвори.

estate4

Иако новиот „Mercedes C сlasѕ Estate“ е поголем од претходната генерација на овој модел, тој благодарејќи на новата платформа е полесен за 65 kg. Значителен напредок е направен кога станува збор за системот за суспензија, па на купувачите изборно им е достапен „Airmatic“.

Дизајнот во внатрешноста исто така е пренесен од седанот и дава впечаток дека станува збор за лусузен и за класа поголем модел.

estate5

Погонските единици се превземени од седан верзијата, а во зависност од моторот, покрај стандардниот заден погон на располагање е и „4MATIC“ погонот на сите четири тркала. Бензинците се во распон од 156 ks (115 kW) дo 333 ks (245 kW), a дизелите од 115 ks (85 kW) дo 204 ks (150 kW).

Во понудата ќе бидат две верзии со хибриден погон. Моделот „C300 BlueTEC HYBRID“ ќе произведува 204 ks + 27 ks, a „C350 BlueTEC HYBRID“ 211 ks + 68 ks.

estate6

„Mercedes“ соопшти дека продажбата на новата „C сlasѕ Estate“ во Европа ќе започне во септември, а цената се уште не е позната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП