1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota повлекува нови 516.000 возила

Toyota повлекува нови 516.000 возила

The-Toyota-logo

Јапонската компанија „Toyota“ соопшти дека повлекува 516.000 возила во светот поради констатирани различни дефекти.

Од корпорацијата прецизираа дека повеќето од автомобилите – 430.000 биле продадени во САД. На повикот подлежат особено 450.000 примероци на миниванот„Sienna“, модели од 2004-та до 2011-та година. Како што се испостави, солта која се користи во многу земји за одмрзнување на патиштата, при контакт со монтираниот под на автомобилот за резервната гума, може да предизвика корозија. Како резултат на тоа, делот може да падне за време на движење. Секоја година во САД се продаваат околу 90.000 автомобили „Toyota Sienna“.

Исто така ќе бидат повлечени 16.000 седани „Lexus GS 250“ и „Lexus 350“, модели од 2013-та година, при што се откриени проблеми со сопирачките.

Освен тоа, кај 50.000 теренци „Highlander“, моделот од 2014-та година, се покажа неисправен еден од сензорите за воздушните перничиња.

„Toyota“ посочи дека не знае какви инциденти се предизвикани од овие дефекти, но вети дека поправката на повлечените автомобили ќе биде бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП