3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе зголеми профитот на SABMiller

Се зголеми профитот на SABMiller

sabmiller_latinoamerica_bogota_miami

Британската пивара „SABMiller“ за една година заклучно со месец март оствари раст на нето профитот од четири проценти, бидејќи успехот на пазарите во равој успешно го надокнади падот на продажбата на пиво во цела Европа.

Заработката по оданочувањето е зголемена во тековната деловна година на 3,38 милијарди долари (2,47 милијарди евра), додека приходите се намалиле за четири проценти на 22,31 милијарди долари, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

„Очекуваме дека условите за подобрен бизнис ќе останат како и минатата година и дека нашиот успех пред се ќе биде поттикнат со резултатите на пазарите како што се Латинска Америка, Африка и Азија“, наведуваат од компанијата.

Во деловната 2013/14 профитот пред оданочувањето се зголеми за четири проценти во Латинска Америка, но и падна за 10 проценти во Европа.

„SABMiller“ верува дека на заработката ќе продолжи да влијае курсот на доларот, додавајќи дека депресијацијата на другите валути во однос на американската минатата година го намалила профитот на компанијата за околу 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП