3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизводството на Saab стопирано, а само што започна!

Производството на Saab стопирано, а само што започна!

start stop saab

Новиот сопственик на „Saab“, конзорциумот „National Electric Vehicle Sweden“ (NEVS), соопшти дека е принуден привремено да го стопира производството на обновениот модел „9-3“, поради проблеми со пари.

Во соопштението се наведува дека „Qingbo Investment“, една од компаниите која го финансира конзорциумот, не ги исполнила своите обврски, па единствен финансиер на производството на „Saab“ остана вториот партнер во „NEVS“, компанијата „National Modern Energy Holdings“.

Со оглед дека оваа компанија, која во повторното стартување на производството на моделот „Saab 9-3“ досега вложи скоро половина милијарда долари, не е во можност самостојно да ја финансира изработката на автомобилите во фабриката во Шведска, па работата во погонот моментално е стопирана.

„NEVS“ не соопшти кога производството би можело да биде продолжено.

Производството на возилата од марката „Saab“ беше стартувано кон крајот на 2013-та, по две години пауза поради банкрот на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП