26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM ќе отповика уште 2.4 милиони возила

GM ќе отповика уште 2.4 милиони возила

General_Motors_BetaAP

Американската корпорација „General Motors“ (GM) соопшти дека повлекува од пазарот 2,4 милиони автомобили поради различни дефекти.

Од почетокот на годината најголемиот производител на автомобили на САД веќе има повикано на сервис 13,6 милиони автомобили.

Овој пат ќе бидат повлечени 1,3 милиони примероци од моделите „Buick Enclave“, „GMC Acadia“ и „Chevrolet Traverse“ произведени во 2009-2014. Мерката ќе влијае и на моделот „Saturn Outlook“, производство 2009-2010.

Автомобилите имаат дефекти со безбедносните ремени на предните седишта, соопштија медиумите во САД.

Ќе бидат повлечени и 1 милион возила од „Chevrolet Malibu“ и „Pontiaс G6“, а причината за тоа е префрлувањето на брзините.

Поради дефекти пак на воздушните перничиња ќе бидат повлечени и 1.400 нови „Cadillac Escalade“.

„GM“соопшти дека засега нема податоци за несреќи предизвикани од овие дефекти, како и дека поради овие отповикувања трошоците на компанијата ќе изнесуваат околу 400 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП