22 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 21.05.2014

Дневен хороскоп 21.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Многу сте сериозни и тоа кон се и сешто. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да одберете потешка варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе имате доволно енергија и елан за да можете да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. На работен план ве очекува експанзија како и подршка од претпоставените, а исто така и со финансиската страна ќе бидете задоволни.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Некои од вас ќе бараат дополнителни објаснувања. Од долгите врски ќе се појави потреба за искрен разговор на чуствителни теми во кои потешко остварувате компромиси. Но љубов нема да ви недостасува. Партнерот ќе ве поттикне на планирање на иднината на вашата врска.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе морате да превземете нешто посериозно, да се организирате како самите така и со своите соработници. Љубовниот живот може да биде центар на вашите интереси.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Идеална доза на оптимизам денеска ќе ви биде неопходна. Навистина ќе имате причина да се сожалувате себе си, но не бидете патетични и не ја малтретирајте околината, зборувајќи дека многу работите и дека немате време за себе.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денеска очекувајте стресови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници, а за тоа ќе имаат причина бидејќи нивната енергија и концентрација е далеку поголема отколку на колегите. Љубовните врски не се стабилни, а можно е да дојде и до разделба.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Не треба да имате доверба во сите колеги, постојат онакви кои не ви мислат најдобро. Во љубовта ве очекува хармоничен ден со доста разбирање и љубов од страна на вашиот партнер. Работната сфера денска во секој случај ќе биде ваша светла точка.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе почуствувате големи ограничувања на работното место. За жал ви претстојат проблеми поради некоја работа од минатото, а исто така и некои законски одговорности. Но ќе имате време за аргументирана одбрана на вашите постапки.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате добри пријатели и сигурно не сакате да ги изгубите. Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Поканете ги во вашиот дом, приредете им изненадување и покажете им дека ви значат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најдобар ред. Прифатете ги поразите и настојувајте да извлечете голема поука од нив.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП