8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа Malaysia Airlines и се заканува банкрот

На Malaysia Airlines и се заканува банкрот

malaysia_0tg5t4tg54t

Авиокомпанијата „Malaysia Airlines“ бележи пад на вредноста на акциите на берзата втор ден по ред.

Овој пад доаѓа откако компанијата го обелодени силниот пад на кварталните резултати предизвикан од исчезнувањето на авионот „MH370“ во март, што предизвикува стравување во компанијата од можен банкрот.

Премиерот на Малезија, Најиб Разак, изјави дека не го исклучува банкротот како можност за оваа компанија, во која 69 проценти од капиталот го поседува инвестициската групација „Khazanah Nasional“, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на годината оваа компанија загуби половина од вредноста на пазарната капитализација.

Во првиот квартал „Malaysia Airlines“ работела со загуба од 100,7 милиони евра, што е речиси двојно повеќе отколку во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП