8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan Pulsar ја засилува конкуренцијата во Европа (фото)

Nissan Pulsar ја засилува конкуренцијата во Европа (фото)

pulsar1

Понудата на автомобили во еден од најконкурентните сегменти на европскиот пазар од наесен ќе биде зголемен благодарејќи на новиот модел на „Nissan“, „Pulsar“.

Автомобилот, кој ќе се бори да ги придобие купувачите на компактни хечбек модели во Европа, е обликуван под влијанието на најновите генерации на моделите на „Nissan“.

pulsar2

Предниот дел на „Pulsar“ според стилот на маската на ладилникот и формата на фаровите, повеќе потсетува на кросовер и „SUV“ моделите на јапонскиот производител, отколку на нешто помалиот „Note“.

Задниот дел од возилото е оргинален, додека дизајнот на задните стоп светла е варијација на задната светлосна група на новиот „Qashqai“.

Иако се очекуваше стилските елементи на екстериерот да бидат превземени и од концептот „Invitation“, сличноста меѓу двата автомобили се рефлектира само во неколку линии на страничниот дел од возилото.

pulsar3

„Nissan“ се уште не се објавени целосните спецификации на моделот „Pulsar“, но во соопштението се наведува дека автомобилот е долг 4.385 mm и има големо меѓуосовинско растојание (2.700 mm) за овој тип на автомобили, по што е во предност во однос на конкуренцијата.

Како што велат во јапонската компанија, просторот за нозете за патниците и комфорот се најдобри во класата.

Внатрешноста е дизајнирана во минималистички стил. Поголемиот дел од командите се наоѓаат во горниот сегмент од централната конзола, чиј најголем дел го зазема екранот за мултимедијалниот систем.

pulsar4

Палетата на мотори опфаќа два бензински и еден дизел. Основната бензинска верзија ќе ја придвижува 1.2-литарски „DIG-T“ со 115 ks (84 kW), додека во понудата ќе биде и помоќниот 1.6-литарски мотор со турбо-полнење и дури 190 ks (140 kW), но тек во 2015-та година.

На купувачите на располагање ќе им биде и економичниот 1.5-литарски „dCi“ дизел мотор со 110 ks (81 kW) и 260 Nm максимален вртежен момент. Овој мотор во атмосферата емитува 95 грама јаглерод-диоксид по километар.

Сите мотори стандардно ќе бидат поврзани со шестбрзински мануелен менувач, додека како опција ќе биде понуден и „CVT“ менувач.

pulsar5

„Nissan Pulsar“ ќе биде достапен со бројни безбедносни системи за помош, како што е системот за детекција на возило во мртвиот агол, предупредувањето за напуштање на сообраќајната лента додека автомобилот се движи, автоматско сопирање во случај на опасност од судар со друго возило или објект кој се наоѓа пред автомобилот.

Јапонскиот производител ќе ја понуди и втората генерација на мултимедијалниот систем „NissanConnect“ кој овозможува интеграција со смартфон уред и бројни апликации.

„Nissan Pulsar“ на европскиот пазар ќе пристигне наесен, кога ќе биде позната и неговата цена, но се шпекулира дека таа ќе изнесува околу 20.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП