2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот градски автомобил на Опел ќе се базира на Спарк

Новиот градски автомобил на Опел ќе се базира на Спарк

spark_ff

Сега кога „Шевролет“ го напушти европскиот пазар, „Опел“ ќе се обиде да ја искористи можноста и да започне со работа на мал градски автомобил кој ќе биде заснован на следната генерација на „Шевролет Спарк“. Според информациите, ова возило ќе се изработува во Кореја и ќе биде со цена од 8.500 евра, а ќе претставува конкуренција на „Форд Ка“, „Хјундаи и10“, „Фолксваген УП!“. Се очекува овој модел да се појави на пазарот следната пролет.

Иако автомобилот, кој и натаму нема добиено име за европскиот пазар, ќе биде базиран на „Спарк“, а европскиот дизајнерски тим на „Џенерал Моторс“ најави единствен дизајн кој најверојатно ќе има преден дел сличен на „Адам“.

Не треба да се очекува пребогата опрема, па во овој автомобил со пет врати најверојатно нема да се најде новиот „IntelliLink“ систем.

Што се однесува до агрегатот, се очекува новиот трицилиндарски 1.0-литарски мотор со 89KS со потрошувачка од околу 4l/100km, a повеќе детали, како и првите официјални слики можеме да ги очекуваме во наредните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП