3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗEлектричниот Bultaco Rapitan (фото+видео)

Eлектричниот Bultaco Rapitan (фото+видео)

bultaco 1

Шпанците моментално доминираат во најелитните мото-натпреварувања во светот. Но така беше и некогаш кога егзистираа домашните брендови како „Bultacо“. Овој производител на двотактни спортисти својот зенит го оствари во 60-тите години од минатиот век, по што брендот беше згаснат во 1983-та година. Добри 30 години подоцна, „Bultaco“ е повторно „жив“ благодарејќи на компанијата „LGN TECH Design S.L.“ која под ова име планира да произведува електрични мотори, а меѓу нив е првиот „street naked“ модел „Rapitan“, кој штотуку беше претставен.

Зад оживувањето на брендот „Bultaco“ стојат Хозе Герман Перез, Раул Перез, Хуан Мануел Винос, Гералд Полман и Хорхе Бонила. Тие ова име повторно го поставија на нозе, но не да произведуваат класични двотактни модели, туку електрични мотоцикли. Нивното срце е електромотор кој „Bultaco“ сам го разви.

bultaco 11

Тој на „Rapitan“ му дава 54KS и 125 Nm вртежен момент. Таа моќ и не е нешто со што 189 kg тешкиот „Rapitan“ може да ја загрози конкуренцијата. Тоа што би требало да ги привлече купувачите е единствената динамика во возењето и авангардната визуелна страна на овој мотоцикл. Според Шпанците, „Bultaco Rapitan“ e способен со полна батерија да помине 200 km.

Мораме да признаеме дека Шпанците и тоа како се амбициозни кога велат дека серискиот примерок на пазарот ќе се појави до крајот на годината, а да не говориме и за планот за производство на 1.500 примероци на овој електричен „street naked“ во првата година. На нив би требало да работат 150 вработени, колку што од „Bultaco“ имаат во план да ангажираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП