26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche инвестира 120 милиони франци во Базел

Roche инвестира 120 милиони франци во Базел

roche logo8484

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ гради две нови фабрики во Базел, вредноста на инвестицијата е 120 милиони франци, но компанијата не планира нови вработувања.

Од оваа сума, околу 85 милиони франци ќе бидат наменети за производство на лекови во хемиската фабрика, во постоечката зграда, прецизираат од „Roche“ во соопштението кое го пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Што се однесува на остатокот од 35 милиони франци, тој ќе биде инвестиран во изградба на нова зграда и проширување на еден постоечки објект, а и во двете фабрики ќе се произведуваат лекови во равој, како и оние кои веќе се регистрирани.

Почетокот на производството е планиран за третиот квартал од 2016 година.

Двете нови фабрики претставуваат важна етапа во идниот развој на „Roche“ и благодарение на нив нивото на активност ќе биде значително поголемо, истакнуваат од компанијата, додавајќи дека во новите фабрики ќе работат висококвалификувани кадри, инженери, техничари и други профили на работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП