2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Париз ќе биде претставена освежената B class

Во Париз ќе биде претставена освежената B class

b-class-facelift

Редизајнираната „Mercedes-Benz B-сlasѕ“ ќе биде претставена на саемот за автомобили во Париз кој ќе се одржи во текот на октомври.

„Mercedes-Benz“ подготвува мало подобрување на нивното компактно мулти-наменско возило кое ќе биде понудено со системот „Intelligent Light“ кој врши автоматско прилагодување на светлата во зависност од видливоста на патот, временските услови и начинот на возење.

Овој автомобил ќе го одликува дополнителна „4MATIC“ верзија со погон на сите четири тркала и подобрен навигациски систем.

Кога станува збор за дизајнот, можно е да се очекува мал редизајн на браникот, како и минијатурни модификации на внатрешноста.

Ќе биде навистина интересно да се види дали „Electric Drive B-сlasѕ“ ќе го карактеризираат истите модификации, земајќи го во предвид фактот дека производството на овој модел започна минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП