3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен словенечкиот суперавтомобил Tushek T600 (видео)

Претставен словенечкиот суперавтомобил Tushek T600 (видео)

tusek

Младата словенечка компанија за суперавтомобили „Tushek“ на специјалната манифестација во Монако го претстави својот најнов модел „T600“ кој е со лесна конструкција со 620KS и однос на моќта и тежината од 1KS на секој два килограми.

Словенечката компанија во 2012-та на истата манифестација го презентираше својот првенец „Renovatio T500“, а тогаш беше најавен наредниот автомобил кој ќе се нарекува „Forego Т700“. Колку да се знае, работата на тој модел и натаму трае, а во меѓувреме е светлоста на денот ја здогледа „T600“.

Автомобилите „Tushek“ се познати по лесната конструкција, што е случај и со новиот модел кој со 1.120kg има неверојатни 620KS од моќниот V8 мотор, па така една „коњска“ сила на секој два килограми.

Шасијата е во комбинација на карбонски и титаниумски компоненти, а како сите модели на оваа компанија, и „T600“ е рачно изработен и може за да се направи според желбите на купувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП