22 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 19.05.2014

Дневен хороскоп 19.05.2014

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

На работното место ќе се најдете во ситуација која за вас ќе изгледа многу комплицирано, но не е така. Затоа немојте однапред да ја одбиете понудата. Вие сепак сте способни да извршите таков вид на работа, а имате и од кого да побарате совет.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Презафатени сте со работа и обврски од статусна природа. Имагинацијата ви е зголемена, низ главата постојано ви се мотаат нови идеи. Сето тоа е прекрасно, но сепак постојат работи кои можат да ви одмогнат. Внимавајте на лицата околу вас, некој не е искрен во неговите разговори.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Интензитетот на вашите општествени и љубовни активности ќе ви опадне. Ќе бидете склони кон повлекување и размислување за некоја цврста и стабилна љубовна врска во која наоѓате разбирање и длабоки емоции. Ќе ве измачуваат и некои недоверби во врска со вашите способности, а во тоа многу ќе ви помогне личноста која ве сака.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На работното место чувствувате дека некои работи не се одвиваат според предвидениот план и дека некој од соработниците има намера да ви наштети. Немојте да се плашите стравот е само во вашата фантазија. Потребно е само да се однесувате малку поопуштено и така да ја олесните работата која ви претстои.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе имате доста енергија, па ќе ви користи движење и дружење со луѓе. Сентименталните односи ви нудат многу задоволство. Ќе откриете некоја тајна која тешко ќе ја погоди вашата психичка состојба и ќе имате потреба од време за да се справите со тоа, земете некој слободен ден и одморете се.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе комуницирате многу и ќе се занимавате со некои помали работи, но во финансиска смисла тоа повеќе претставува загуба отколку добивка. Ве советуваме да бидете многу внимателни во работите поврзани со пари, бидејќи денес навистина ве пратат тешкотии. Опасноста за загуба ви се зголемува поради вашата невнимателност.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Навистина среќен ден за претставниците родени во втората декада, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти, а оние кои се во брак ќе воспостават хармонија со семејството. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Морате да го завршите тоа што сте го започнале бидејќи ќе бидете незадоволни доколку некои работи не ги доведете до крај. Искористете ги вашите организациски способности кои денеска ви одат од рака. Денеска можете да реализирате идеални комуникации. Фокусирајте се на тоа.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе бидете преокупирани со планирање, со оглед на состојбата во која се наоѓате. Од многуте планови, воглавно ќе остварите само мал дел и тоа пред се од оние кои се поврзани со емотивниот живот. На работа ве очекуваат многу обврски, за кои изгледа не сте подготвени.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Повеќе внимание ќе им посветите на мотивите кои ве тераат на некои нејасни работи. Ќе сватите дека некои ваши постапки ги криете во минатото и ако сакате да продолжите понатаму ќе мора да расчиситите со тој дел од животот. Најдете дел од денот и поминете го сосема сами и размислете подлабоко.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не сакате повеќе ништо да трпите, а чувството на спреченост е состојба на тивко незадоволство. Конечно сте сватиле од каде дува ветерот, проблемот сте го анализирале, па сега преостанува финалното пресметување. Сигурно ќе успеете, само напред.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Како по обичај идеалистички сте расположени и со тежнеење кон перфекција запаѓате во разни грешки. Нервниот систем трпи. Тоа е појако од вас, но има лек па побарајте го. Работните обврски ви се здосадени, па ќе пробате да најдете начин како некој друг да ги заврши наместо вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП