3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПретседателот на ПСЖ по глобата: Продолжуваме напред

Претседателот на ПСЖ по глобата: Продолжуваме напред

al halaifi

Претседателот на ПСЖ Насел Ал-Хелаифи мирно ја прифати паричната казна од 60 милиони евра од страна на УЕФА за кршење на финансискиот ферплеј.

„Сакаме ПСЖ да го направиме еден од најдобрите тимови во Европа. Без пари тоа нема да се оствари. Одлуката и глобата од УЕФА нема да влијаат на нашите планови. Дури ќе не мотивира да работиме уште подобро за постигнување на целта. Сакаме брендот ПСЖ да стане еден од најпрепознатливите. Продолжуваме да вложуваме пари во тимот и стадионот. Париз е еден од најголемите градови во светот, а го претставува само еден фудбалски тим. Токму затоа сметаме дека нашите напори ќе дадат резултат. Сакаме соништата на нашите фанови да станат реалност. Тие веруваат во нашиот проект од првиот ден и им должиме постигнување на успеси“, изјави Ал-Хелаифи за официјалната интернет страна на ПСЖ.

Инаку за потсетување, европската куќа на фудбалот има покренато постапка против неколку фудбалски гиганти поради прекршување на финансискиот ферплеј. Засега покрај ПСЖ, глоба доби и Манчестер Сити, но уште неколку клубови ја очекуваат својата казна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП