2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити ќе ги наградува некои од играчите со нови договори

Сити ќе ги наградува некои од играчите со нови договори

siti sampioni

Во текот на летото Манчестер Сити планира да го задржи Џо Харт и голем дел од неговите соиграчи со нови договори.

Харт, кој има уште две години од сегашниот договор му помогна на Сити да ја освои втората шампионска титула.

Клубот планира да најде и уште еден голман, откако вториот голман Костел Пантилимон објави дека има намера да го напушти Сити. Шампионот сакаат да ја завршат работата што е можно побрзо и да си ги обезбедат играчите кои им донесоа две титули.

Џејмс Милнер и Самир Насри, исто така ќе добијат нови понуди за продолжување на соработката.

Босанскиот репрезентативец Един Џеко е друг фудбалер, чија иднина во клубот ќе се разгледува.

Нов договор се очекува и за Александар Коларов, кој се поврзува со трансфер во италијанскиот прволигаш Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП