19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan подготвува конкурент на Golf

Nissan подготвува конкурент на Golf

nisan plsarte

Kога станува збор за хечбек моделите од ниската средна класа, на европскиот пазар владее „Golf“. Најблиските конкуренти, „Focus“ и „Astra“, се далеку позади, а се чини дека јапонските модели немаат никаква шанса. Покрај тоа, „Nissan“ одлучи на европските купувачи во овој сегмент да им понуди алтернатива, моделот „Pulsar“.

Јапонската компанија ќе го претстави својот модел на 20-ти мај, а во продажните салони ќе пристигне наесен. Името „Pulsar“ досега е користено за моделот на „Nissan“ од „C“ сегментот на австралискиот пазар.

Новиот хечбек на „Nissan“ со пет врати настана во британскиот истражувачки центар на овој производител, а како што е највено автомобилот ќе се произведува во Барселона.

Компанијата претходно соопшти дека на пазарот ќе понуди голем број на опциите, кога станува збор за моторите, па така „Pulsar“ ќе му конкурира на „Golf“ во опсег од „BlueMotion“ дo „GTI“ верзијата.

Иако „Nissan“ се уште го држи во тајност дизајнот на моделот „Pulsar“, се очекува дека овој модел ќе ги превземе стилските елементи од концептот „Invitation“ од 2012-та.

На фотографијата од предниот дел на автомобилот, маската на ладилникот има карактеристичен „V“ детаљ во склад со најновиот корпоративен дизајн, а дневните „LED“ светла се обликувани како оние на новиот „Nissan X-Trail“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП