6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн и Челзи подготвуваат размена на играчи!?

Баерн и Челзи подготвуваат размена на играчи!?

luis mandzo

Според пишувањето на германскиот весник „Bild“, ова лето може да се случи размена на релација Баерн-Челзи, при што хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ ќе се пресели во Лондон, а во Минхен би пристигнал Давид Луис.

Англиските медиуми вчера објавија дека Баерн е заинтересиран за дефанзивецот на Челзи, Давид Луис кој не е во прв план кај тренерот Жозе Мурињо. На тие приказни се надоврза „Bild“ кој тврди дека на повидок е размена на играчи според која Луис би преминал во Баерн, а Манџукиќ ќе го облече дресот на „сините“.

„Bild“ истакнува дека агентот на Хрватот, Иван Цвјетковиќ се сретнал со раководните лица на Челзи за да преговара за трансфер на својот клиент и тоа само неколку дена откога беше објавено доаѓањето на Роберт Левандовски во Баерн.

Челзи пак, го повикал познатиот посредник Владо Лемиќ кој е близок со сопственикот на клубот Роман Абрамовиќ и најверојатно тој би требало да помогне да дојде до реализација на оваа размена на фудбалерите.

Потсетуваме, веќе подолго време се споменува интересот на Челзи кон хрватскиот репрезентативец чиј договор со Баерн е со важност до 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП