26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОстрата зима ги намали очекуваните резултати на Walmart

Острата зима ги намали очекуваните резултати на Walmart

walmart-ventas-web222

Американскиот малопродажен гигант „Walmart“ во првиот квартал забележа пад на профитот поголем од очекуваниот, а како причина за тоа ја наведуваат острата зима.

Компанијата во првите три месеци од оваа година евидентираше заработка од 3.6 милијарди долари, пет проценти помалку во однос на истиот период од минатата година.

„Како и кај другите трговци на мало во САД, и на нас негативно влијаеше невообичаеното студено време, кое исто така неочекувано ги подигна и трошоците. Сепак, вкупното работење е солидно и веруваме во нашата долгорочна стратегија“, изјави извршниот директор на „Walmart“, Даг МекМилон.

Приходите на компанијата пораснале за 7.5 проценти или на 115 милијарди долари во однос на истиот период од лани, но помалку од 116.3 милијарди колку што беа прогнозирани од аналитичарите. Профитот по акција изнесуваше 1.10 долари, потфрлувајќи за пет центи во однос на очекуваните. Приходите на „Walmart“ во странство паднаа за 1.4 отсто или на 32.4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП