Овен (21.03 – 20.04)
Избегнувајте да влегувате во дуел со луѓе кои размислуваат поинаку од вас, и одбегнувајте стресни ситуации. Околу себе соберете го најтесниот круг на соработници и пријатели, кои ја разбираат вашата сегашна состојба. Сеуште не е време за преземање на покрупни чекори.
Бик (21.04 – 21.05)
Ви се насмевнува среќата. Опуштете се и обидете се да уживате во неа. Бидејќи сте добиле нов извор на приходи, тешко ќе најдете време за разонода и уживање, но само сознанието дека некој го цени вашиот труд а и добро ве плаќа – ќе ви донесе радост и смиреност.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекуваат некои непријатности. Со оглед на тоа дека тие нема подолго да потрајат ве советуваме да бидете потрпеливи и да ги одложите важните потези како на деловен план така и во приватниот живот. Едноставно причекајте подобри аспекти за да можете да го реализирате тоа што го планирате.
Рак (22.06 – 22.07)
Пристрасно гледате на работите кои го окупираат вашето внимание. Пожелно би било да се посоветувате со некој за да најдете начин за подобро да функционирате. Ќе бидете загрижени поради застој во работата. Не се грижете бидејќи се работи за нормална појава. Некои од вас ќе имаат успеси во нешто многу важно.
Лав (23.07 – 22.08)
Разговарајте со некој во доверба, но не ги обелоденувајте вашите планови. Можете да се позанимавате со вашите финансии, средете ги сметките, направете порационални планови, не позајмувајте и не ги трошете парите na непотребни работи. Овој ден е неповолен за вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Работата која ќе ја добиете ќе биде мнгу интересна и ќе успее да ви го врати доброто расположение. Ќе имата и доста контакти со вашите деловни партнери или барем со некој надвор од вашата фирма. Во љубовта навистина ве служи среќата.
Вага (23.09 – 22.10)
Денешниот ден за вас ќе биде релативно добар. Ќе имате добри односи со околината и ќе бидете ефикасни во она што го работите. Вашата позиција е малку нестабилна и ве предупредува на ограничувања, кои треба да ги прифатите без многу отпор. Елиминирајте ја нервозата.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Најдобро би било одлуките да не ги донесувате сами, подобро е да се посоветувате со некој ваш близок пријател. Во љубовта работите не се одвиваат онака како што посакувате и тоа можеби и ќе ве загрижува, па ќе се обидете да преземете нешто околу тоа, но без некој поголем успех.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денеска многу тешко ќе се сноѓате во обврските на работното место. Поради брзината или површноста можно е да направите грешки. Односите со колегите се доста проблематични. Недостасува трпеливост. Финасиската ситуација не е за пофалба.
Јарец (22.12 – 20.01)
Работниот успех, задоволството, одличните резултати и вредната работа – ваквата состојба е карактеристична за денешниот ден. На негативните реакции од околината намате време да им обрнете внимание бидејќи сте презафатени со најразлични обврски, не само работни туку и приватни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Главните размислувања денеска се поврзани со тоа како да го подобрите буџетот. Свесни сте колку се трудите, а резултати нема. Сакате некоја додатна работа, но ќе мора и да штедите. Тешко ќе се снаоѓате со парите, а тоа ќе доведе до непријатни последици. Во емотивниот живот сакате, но и ќе ви биде возвратена љубовта, тоа ќе ве направи среќни.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата виталност, кога се работи за професионалната страна на личноста, е голема. И покрј некои неуспеси и финансиски проблеми вие ќе верувате и ќе се надевате. Не се лутете на критиките од страна на партнерот, сигурно тоа го прави од љубов и затоа што сака да ви помогне. Дозволете му барем да го каже своето мислење.