25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ќе го зголеми наградниот фонд во Лига Европа

УЕФА ќе го зголеми наградниот фонд во Лига Европа

uefa-europa-league-hymne-officiel

Уште повеќе пари ќе земат екипите вклучени во вториот по популарност европски клупски турнир, Лига Европа.Тоа денеска го објавија од УЕФА.

На овој начин Европската фудбалска федерација сака ова натпреварување да го направи уште поатрактивно за учесниците.

Поради малиот награден фонд до моментов тимови од Англија, Италија и други водечки шампионати го прифаќаа повеќе како досадна обврска, а не како престижно натпреварување.

Од следната сезона сите учесници во турнирот ќе го поделат 250 милиони евра. Тоа е за 20% повеќе од овогодинешното издание на Лига Европа.

Оваа година титилата синоќа ја освои Севиља на стадионот на Јувентус во Торино, откако шпанците беа подобри по изведувањето на пенали против Бенфика.

„Убедени сме дека по воведувањето на оваа мерка, тимовите учеството во ова натпреварување ќе го сметаат многу посериозно со што ќе се зголеми квалитетот на натпреварите“, изјави маркетинг директорот на УЕФА, Ги-Лоран Епштајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП