4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го подготви моделот за Gran Turismo 6 (фото+видео)

BMW го подготви моделот за Gran Turismo 6 (фото+видео)

bmw m grand

Нов тркачки автомобил застанува на стартот на патеката на „Gran Turismo 6“, специјално за „PlayStation 3“.

Возилото создадено од „BMW Group Design“ е опремено со виртуелен трилитарски шестцилиндарски мотор создаден од „BMW M“, кој обезбедува врвна презентација со максимална моќност од 404 kW/ 549 кѕ, брзи кругови и прецизно управување и контрола.

Од денеска (15-ти мај) посетителите во „BMW Welt“ во Минхен ќе имаат можност да бидат едни од првите кои ќе можат да се натпреваруваат со „BMW Vision Gran Turismo“ на виртуелна патека, во рамките на презентацијата на „BMW M“.

bmw m grand1

Освен со тркачката конзола на „PlayStation 3“, посебните тркачки седишта и дисплејот составен од три екрани, ќе го направат доживувањето навистина незаборавно и сосема блиско до реалноста.

Автомобилот, создаден од дизајнерскиот тим на „BMW“, ги следи традициите на успешните „BMW Тouring“ автомобили од 1970-тите години, интерпретирани во духот на XXI век за создавање на бескомпромисен модерен тркач.

Предниот и заден спојлер обезбедуваат максимална тракција, елементите за одведување на воздушната струја гарантираат низок воздушен отпор, а малата тежина се обезбедува од употребата на карбонски влакна.

bmw m grand2

Во технолошките термини „BMW Vision Gran Turismo“ е подеднакво импресивен како бескомпромисен дизајн. Моќниот мотор е поврзан со секвенционална шестсетепена трансмисија која силата ја пренесува од моторот кон задната оска.

Меѓу забележителите карактеристики на „BMW Vision Gran Turismo“, кој тежи само 1 180 кг, е рангираната и совршено распределена тежината (50:50) меѓу двете оски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП