5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен раст на продажбата на H&М во април

Силен раст на продажбата на H&М во април

hm-m

Шведскиот ланец за облека „Hennes & Mauritz“ објави дека вкупната продажба во април забележа раст од 17 проценти во однос на истиот период од минатата година, што е нејзин најсилен скок во пет месеци.

Двоцифрената стапка на раст на продажбата „H&M“ забележа и во март кога скокна за 13 проценти.

Компанијата веќе не објавува податоци за продажбата во која се вклучени само продавниците отворени повеќе од една година.

Вкупно „H&M“ на крајот на март имаше 3.246 продавници, што е за 12,7 проценти повеќе отколку што имаа на крајот на минатогодишниот април.

И шведската компанија и нејзиниот шпански конкурент „Inditex“ се релативно успешни и покрај периодот на економска криза во Европа и тоа благодарејќи поради комбинацијата на краткорочни модни трендови и прифатлива цена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП